„Ќе инвестираме во нови училишта, современи програми, дигитализација и
лаборатории, истакна кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова на
партиската трибина на СДСМ посветена на образованието. Таа кажа дека во
нејзиниот мандат ќе стави крај на незаконското назначување в.д. директори, ќе
воведе модерни системи за греење и ќе ја врати професионалноста во
образованието.
„Младите се срцето на нашиот град. Ако тие заминат затоа што не гледаат
перспектива, сите планови остануваат само на хартија. Ниту едно дете нема да
биде оставено настрана, ќе има поддршка за талентираните ученици, асистенти
за ученици со посебни потреби и фондови за младински иницијативи. Скопје мора
да стане град во кој младите сакаат да останат, да учат и да создаваат“, вели
Шукова.
