Пријавите од граѓаните на Центар вродија со плод. Општината ги отстрани поставените шатори, ја искоси тревата, а просторот во паркот го исчисти од отпад.
„По пријава од граѓаните, веднаш постапивме. Ваквите јавни површини мора да бидат достапни и сигурни за сите, особено за децата и родителите кои секојдневно се собираат таму. Узурпација, шатори, физички пресметки, нема да дозволиме вакви појави во Центар. Ќе реагираме секогаш кога ќе се нарушува јавниот ред“, објави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски кој е во трка и за втор мандат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
