Од денеска до четврток, градот Скопје ќе започне со терестричната дезинсекција против комарци. Градските власти информираат дека прскањето ќе се случува од 22 до 3 часот наутро, а доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, активноста ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Градските власти апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
