Невладиниот сектор ќе стане партнер на Градот, им објасни Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претставниците од невладините организации и Здруженијата на граѓани.
Според него тие се луѓето кои најдобро ги познаваат потребите на Скопје и секојдневните предизвици на скопјани.
„Разговаравме во отворена и позитивна атмосфера, со искрен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно, со конкретни идеи и решенија за иднината. Врз основа на добрите европски практики, споделија значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести и многу повеќе“, изјави Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
