Орце Ѓорѓиевски и Александар Стојкоски, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за
градоначалници на Скопје и општина Ѓорче Петров, синоќа најавија целосна
реконструкција на паркот во центарот на Општината.
„Овој парк зрачи со топлина, преполн е со луѓе, детска игра и смеа. Тука се чувствува
вистинскиот дух на заедништвото. Затоа, веднаш по победтаа на локалните избори, ќе
започнеме со неговата реконструкција“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека ќе се вложат сериозни напори за изградба на нови и реконструкција на
постоечките паркови, со цел враќање на нивниот сјај и создавање повеќе јавни зелени
простори за граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
