“Денеска ќе ве прошетам во старото скопско маала Крњево, каде секое ќоше крие своја
приказна“, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Центар, Горан
Герасимовски.
Тој додаде и дека Крњево било познато по старата воена болница „Полумесечина“. Тука
се наоѓала Кумановската трошарина каде што била и Стара нова бања, каде се бањале
девојките и момчињата пред веридба.
„Таа била маалска бања, каде што мажите се бањале во вторник, а жените во сабота.
Други обележје бил некогашната Саат Кула и маалските плажи на Вардар “, напиша
Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
