Во рамки на проектот ,,Се гледаме во маало”, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски се сретна со жителите на Пролет и Маџир Маало, кои говореа за секојдневната живеачка, проблемите, но изнесоа и идеи кои ќе бидат реализирани
„Ние како општина, покрај за кровови и лифтови, даваме субвенции и за фасади. Ги повикуваме граѓаните да дојдат во општина да се информираат за да ги искористат овие субвенции за реновирање на фасадите,” рече градоначалникот Герасимовски.
Тој кажа и дека со Градот, водат поголема војна редовно да го сервисираат проблемот со кабастиот отпад и дека Општината неколку пати во текот на годината организира акции за собирање на ваков отпад
Герасимовски најави и изградба на нова градинка во Маџир Маало.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
