Каја Шукова, кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, заедно со заменик-
претседателката Фани Каранфилова Пановска и кандидатите за први луѓе на Гази Баба
Влатко Митовски и на Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, одржа работен состанок посветен
на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините.
Шукова потенцираше дека ситуацијата е критична и додаде: „Четири години гледаме
како Градот тоне во отпад. Скопје мириса како никогаш досега, загаденоста и прашината
се секојдневие, а отпадот шири болести. Граѓаните се жалат, а моменталната
администрација не реагира.“
Таа најави дека еден од првите чекори по преземањето на функцијата ќе биде темелно
чистење на целиот град и сите општини во рок од три месеци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: