Средби со жителите на Аеродром, викендов оствари кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.
Тој објасни дека на средбите, граѓаните активно се вклучиле со свои согледувања за состојбите во општината, од проблемите со хигиената на јавните површини, недостатокот на паркинг места и недоволно зеленило.
„Аеродром мора да се води со знаење, одговорност и слух за граѓаните, не ни требаат повеќе импровизации и неисполнети ветувања. Ни треба систем што ќе работи за луѓето, ќе ги вклучува во процесите на одлучување и ќе им дава можност да влијаат врз промените што ги засегаат нивните животи, посочи Трајановски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
