Се одбележа христијанскиот празник Богојавление. Пред тоа се празникуваше и Божик. Граѓаните, свештениците, а и политичарите празнично изнаподелија честитки и желби да подобро здравје, иднина, солидарност, како и вера во Бога.
Инспирирани од чистотата на светците деновиве се пренесуваа пораки за поголема вера, храброст и морална чистота. Се нагласуваше дека е потребно одење по вистинскиот пат исполнет со благост и подготвеност да се помогне.
Се праќаа – разменуваа преку мобилните цели слаткоречиви строфи и молитви за доброто на сите.
Но, останува прашањето – дали по празниците се живее во согласност со честитките. Моралот и однесувањето во земјата е во криза и пред големи искушенија.
Тоа може да се поправи ако честитките почнеме да ги спроведуваме во дело, во спротивно на следниот празник пак само ќе ги изнакажеме, а ситуацијата ќе биде полоша.
На потег сме сите ние граѓаните, но особено политичарите и свештениците кои треба да се пример во општеството.
