Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар на бод до титулата: Силекс падна во Скопје, Шкендија ја одложи шампионската промоција
    Спорт

    Вардар на бод до титулата: Силекс падна во Скопје, Шкендија ја одложи шампионската промоција

    09/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вардар е на чекор до шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска на домашен терен го совлада Силекс со 2-1 и се доближи на само еден бод од официјално крунисување.

    Избраниците на Гоце Седлоски фуриозно го отворија натпреварот. Уште во 3. минута, Цветковиќ погоди по асистенција на Закариќ за водство од 1-0. Домаќините продолжија со притисокот, а во 17. минута предноста беше зголемена на 2-0, откако Закариќ сигурно реализираше пенал по прекршокот на Бутуровиќ над Омерагиќ.

    Силекс успеа да намали во 53. минута преку ефектниот погодок на Бутуровиќ, но Вардар ја сочува предноста до крајот на средбата. Гостите имаа неколку закани, меѓу кои и шансата на Мирчевски, но Талески беше сигурен на голот на скопскиот тим. Во финишот, Вардар пропушти и неколку можности за поубедлива победа преку Спахиу, Закариќ и Николов.

    Со овој триумф, Вардар има потреба од уште само еден бод на следното гостување кај Струга Трим Лум за и математички да ја обезбеди шампионската титула.

    Во меѓувреме, Шкендија ја совлада Струга Трим Лум со 3-1 во тетовското дерби и остана во теоретска трка за врвот на табелата. За Шкендија погодија Красниќи од пенал, Ислами и Мазари, додека за Струга стрелец беше Јевтовски.

    Поврзани вести:

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вардар прва лига силекс титула шампион шкендија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    19/11/2026

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    16/11/2026

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.