Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Уставниот суд со итен апел: Без нов судија не можеме да носиме одлуки
    Република

    Уставниот суд со итен апел: Без нов судија не можеме да носиме одлуки

    26/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на годишната прес-конференција упати итни апели до Судски совет и до Собрание на Република Северна Македонија што поскоро да предложат и изберат уставен судија, со цел Судот да функционира во целосен состав. Тој повика и на повисоко ниво на уставно-правна култура кај политичарите и реална посветеност кон владеењето на правото.

    Костадиновски истакна дека Уставниот суд веќе се соочува со сериозни проблеми поради некомплетниот состав. Од мај досега, има десетина предмети за кои нема донесено одлука, а само на последната седница три предмети останале без потребното мнозинство.

    Во однос на предметот за пензиите, тој појасни дека законите се поделени и дека одлуката ќе биде донесена веднаш по изборот на нов судија. Нагласи дека поведувањето постапка не значи автоматска одлука, бидејќи процесот има повеќе фази и исходот не секогаш е укинување или поништување на закон.

    Коментирајќи ги забелешките за наводно бавно постапување, Костадиновски истакна дека Судот располага со механизми за исправка на последиците од законите, па суштината не е секогаш во брзината, туку во правниот ефект на одлуките.

    Во врска со измените на Кривичниот и Изборниот законик, тој предупреди дека парламентот и владата не ги почитуваат роковите што ги дава Уставниот суд. Според него, периодот на толеранција завршува и Судот се подготвува да воведе построга уставна дисциплина преку нов тип на одлуки.

    „Можете да очекувате наредната година многу поинакви одлуки од Уставниот суд“, порача Костадиновски, нагласувајќи дека Судот има обврска да спречи надмоќ на една власт над друга и да ја заштити уставната рамнотежа.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.