Унгарија протера десет руски дипломати поради активности за кои властите сметаат дека не се во согласност со нивниот дипломатски статус.
„Лицата кои беа протерани биле вклучени во активности во Унгарија кои се неприфатливи за дипломати според Виенската конвенција. Унгарија ги повика да ја напуштат земјата“, изјави унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан.
Таа не откри повеќе детали за конкретните активности поради кои е донесена одлуката, но нагласи дека протерувањето не значи прекин на дипломатските односи меѓу Будимпешта и Москва.
„Унгарија има намера да го продолжи потребниот дијалог, врз основа на меѓусебно почитување и почитување на правилата“, додаде Орбан.
Одлуката предизвика реакција од Москва. Руското Министерство за надворешни работи најави дека ќе возврати со соодветни мерки кон унгарски дипломати.
„Одговорот на русофобичното лоби во Будимпешта ќе биде суров и болен“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
