Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи денеска сподели дека ООУ „Петар Здравковски – Пенко“ во Скопје-Север ќе добие нова фасада.
„Наскоро ќе започнеме со реконструкција и поставување на енергетска фасада на општинското основно училиште “Петар Здравковски – Пенко”. Решаваме проблем кој беше главно барање на сите родители! Со ова значително ќе се подобрат услови за изведување на наставата, а дополнително ќе се заштеди на енергија, истакна Костовски.
Тој додаде дека ова е уште едно барање кое го реализираат во заеднички разговор со родителите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
