Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Тројца осомничени за оддавање службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“, ОЈО ГОКК отвори истрага
    Република

    Тројца осомничени за оддавање службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“, ОЈО ГОКК отвори истрага

    30/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против три лица, кои се сомничат дека во периодот од декември 2019 до март 2021 година ѝ оддавале доверливи службени информации на организираната криминална група „Дуќанџик“ од скопското село Грчец.

    Акцијата, координирана од јавен обвинител и реализирана од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР, заврши со приведување на тројцата осомничени.

    Според обвинителството, тие се гонат за кривичните дела злосторничко здружување и продолжено оддавање службена тајна. Дополнително, првиот и третиот осомничен се товарат и за попречување на правдата, додека првоосомничениот е осомничен и за противправно стекнување и прикривање имот.

    Истрагата покажала дека двајца од осомничените, поранешни главни инспектори за имотни деликти и за недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот доставувале доверливи информации до криминалната група. Станувало збор за податоци поврзани со полициски истраги, безбедносни активности, посебни истражни мерки и оперативни акции, за што, според обвинителството, добивале паричен надомест.

    Во наредбата за истрага се наведува дека со откривањето на службените информации осомничените сериозно го попречиле работењето на истражните органи и го отежнале обезбедувањето докази во повеќе кривични постапки.

    Меѓу случаите опфатени со истрагата се обид за убиство по нарачка од декември 2019 година, убиство извршено во август 2020 година, истрагата со кодно име „Планина“, случај на грабнување од септември 2020 година, како и двојното убиство во Скопје во март 2021 година. Според обвинителството, до криминалната група биле пренесувани информации за осомничени лица, сведоци, обезбедени докази, полициски активности и службеници ангажирани во истрагите.

    Поврзани вести:

    Муцунски и Ивановиќ најавија нова авионска линија меѓу Македонија и Црна Гора

    Муцунски и Ивановиќ најавија нова авионска линија меѓу Македонија и Црна Гора

    Мицкоски: Македонија денес е подобро место за живеење, но потребни се уште порешителни мерки

    Мицкоски: Македонија денес е подобро место за живеење, но потребни се уште порешителни мерки

    Клековски: Пет лица осомничени за злоупотреба на средства од ФЗО, услуги биле двојно наплатувани

    Клековски: Пет лица осомничени за злоупотреба на средства од ФЗО, услуги биле двојно наплатувани

    Реформа во МО: Професионалните војници по 45 години ќе останат во Армијата како цивилни лица

    Реформа во МО: Професионалните војници по 45 години ќе останат во Армијата како цивилни лица

    АХВ одзеде околу два тона месо и производи од месо во Радовиш и Пепелиште

    АХВ одзеде околу два тона месо и производи од месо во Радовиш и Пепелиште

    Кривични пријави против Ден Дончев и уште неколку лица, здравствениот буџет оштетен за 1,5 милиони евра

    Кривични пријави против Ден Дончев и уште неколку лица, здравствениот буџет оштетен за 1,5 милиони евра

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Муцунски и Ивановиќ најавија нова авионска линија меѓу Македонија и Црна Гора

    29/10/2026

    Мицкоски: Македонија денес е подобро место за живеење, но потребни се уште порешителни мерки

    29/10/2026

    Клековски: Пет лица осомничени за злоупотреба на средства од ФЗО, услуги биле двојно наплатувани

    29/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.