Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.
Тој појасни дека станува збор за повеќе видови на прекршоци, а една од најмасовните е двојна наплата на пациентите односно земени се пари од Фондот за одредена услуга за која има договор и таа услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите.
Клековски посочи дека акцијата што ја спроведува МВР утринава е повеќемесечна, и е темелена на повеќе од една година истрага, започната по негова иницијатива кога беше директор на Фондот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
