Транспортерите не попуштаат со блокадите и пораката до ЕУ дека наметнува дискриминаторски правилА. Товарниот сообраќај и денеска е блокиран. Освен македонските камионџии протестираат и во Србија, Црна Гора и Босна и се бара измени на правилото за електронска евиденција за престој во шенген зоната кое им го скратува правото да работат.
Македонските камионџии очекуваат брзо решение од Брисел на проблемот кој сам го направи. Во пронаоѓање решение активно се вклучи и македонската влада, но и останатите од државите од Западен Балкан што се засеганати со овој проблем.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува да се надмине проблемот, нагласувајќи дека ова прашање во Брисел е отворено уште од септември, минатата година.
Првичните проценки се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот.
Во меѓувреме, на проблеми поради новиот начин на евиденција укажаа и возачите на автобусите во меѓународниот превоз кои најавија дека ќе се приклучат на протестите и блокадите, доколку не се најде поволно решение.
