Кој вози пребрзо, пијан или дрогиран, ќе остане без автомобил, а трајно ќе им се одземаат возилата на безобѕирните возачи кои значително ќе ја надминат дозволената брзина, а претходно биле осудени за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај. Ова се дел од новините во дополнувањата на Кривичниот законик, предложени од од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Целта е дисциплинирање на несовесните возачи и зголемување на безбедноста на патиштата.
Со измените, судот ќе може да изрече престанок на важење на возачката дозвола во траење од една до 10 години.
Измените предвидуваат и казна затвор од 3 месеци до 3 години за возач што не се придржува на прописите и ќе го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи моторно возило.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
