Поранешниот министер за земјоделство и шумарство во Владата на СДСМ, Трајан Димовски, како што дознаваме, е меѓу уапсените во денешната акција на полицијата.
Тој се сомничи дека заедно со Реси Абдурхами, директор на Агенцијата за стокови резерви и двајца раководители во истата агенција Ниметула Рамадани и Тони Кантурски, како и со вештото лице Миле Пешевски во текот на 2021-2022 година со неизвршување на својата службена должност, направиле отпис на 1,500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 кг јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
