Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Тиверија Брера со петарда до трофејот во Купот на Македонија
    Спорт

    Тиверија Брера со петарда до трофејот во Купот на Македонија

    14/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фудбалерките на Тиверија Брера убедливо триумфираа над Каменица Саса со 5:0 во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција и го освоија својот втор трофеј во ова натпреварување.

    Финалниот натпревар се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, а Тиверија Брера уште од самиот старт покажа дека е решена да доминира на теренот.

    Првата сериозна можност ја имаше Карапузовска, која во осмата минута ја погоди пречката, додека Каменица Саса возврати преку Димитровска, чиј удар со глава заврши во дирекот.

    Резултатот беше отворен во 28. минута, кога по ВАР проверка беше досуден пенал за Тиверија Брера по прекршок врз Панова. Галабоска беше сигурна од белата точка и донесе водство од 1:0.

    Само две минути подоцна Николовска со прецизен удар од слободен удар зголеми на 2:0, а Паневска во 34. минута постигна гол за убедливи 3:0 пред паузата.

    Во второто полувреме следуваше нова доминација на Тиверија Брера. Бошевска во 50. минута стрелаше за 4:0 по асистенција на Божинова, а истата фудбалерка во 84. минута со одличен удар ги постави конечните 5:0.

    Со оваа убедлива победа, Тиверија Брера стигна до вториот куп-трофеј во својата клупска историја.

    Поврзани вести:

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    жени саса тиверија фудбал
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    19/11/2026

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    16/11/2026

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.