Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените
    Некатегоризирано

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    08/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пушењето може сериозно да влијае врз репродуктивното здравје кај мажите и жените, предупредува Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи се на анализа на бројни научни студии спроведени ширум светот во периодот од 2000 до 2026 година.

    Според СЗО, мажите кои пушат имаат поголема веројатност да се соочат со еректилна дисфункција, во споредба со непушачите. Кај нив се зголемува и ризикот од проблеми поврзани со ејакулацијата, како и нарушувања поврзани со квалитетот на сперматозоидите – нивниот број, подвижност и форма.

    Кај жените, пушењето е поврзано со значително поголем ризик од проблеми со плодноста. СЗО наведува дека жените кои пушат имаат околу 40 проценти поголем ризик од неплодност во споредба со непушачите. Прекинувањето на пушењето може да помогне во намалување на овој ризик.

    Поголемиот дел од достапните истражувања се однесуваат на класичните цигари, додека за поновите производи, како електронските цигари, сè уште нема доволно долгорочни податоци за целосно да се процени нивното влијание врз плодноста.

    Од СЗО посочуваат и дека пушачите имаат помали шанси за успех при одредени третмани за асистирана репродукција, а негативно влијание може да има и изложеноста на пасивно пушење.

    Според организацијата, околу едно од шест лица во репродуктивна возраст ќе се соочи со неплодност во одреден период од животот. Неплодноста се дефинира како неможност за постигнување бременост и покрај редовни и незаштитени сексуални односи во период од најмалку 12 месеци.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.