Продолжуваат протестите на жителите на Аеродром, Ново Лисиче и Маџари против загадувањето од Вардариште. Според иницијативата „Стоп за Вардариште”, ќе се продолжи времето на блокадата на крстосницата кај мостот „Киро Глигоров” на 3 часа, од 15 до 18 часот – токму во време кога најголем дел од скопјани се враќаат од работа. Од иницијативата велат дека ова е реакција на игнорантскиот однос на институциите кон проблемот што со години ги мачи жителите на овие општини. Речиси еден месец, жителите го блокираат сообраќајот на истата локација, предупредувајќи дека токму Аеродром и Гази Баба најмногу страдаат од чадот и загадувањето што доаѓа од депонијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
