Скопје утре ќе биде под посебен сообраќаен режим поради протестен марш под мотото „Стоп за Усје”, кој ќе се одржи во централното градско подрачје.
Маршот ќе започне во 12 часот, а учесниците ќе се соберат пред Владата по што колоната ќе продолжи кон Собранието. Протестниот марш ќе заврши пред Министерството за животна средина и ќе се бара решение за загадениот воздух во Скопје.
Поради движењето на протестната колона, полицијата ќе воведе привремен режим на сообраќај во делови од центарот на градот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
