Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ добитник на меѓународната награда The Bizz Award
    Република

    Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ добитник на меѓународната награда The Bizz Award

    20/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид ја доби меѓународната награда The Bizz Award, најпрестижното глобално признание за деловна извонредност што го доделува World Confederation of Businesses (Worldcob).

    Наградата е признание не само за деловна извонредност, туку и за континуираниот развој на компанијата, се вели во официјалното известување пратено до д-р специјалист Небојша Баткоски, сопственик и генерален менаџер на центарот.

    Она што World Confederation of Businesses (Worldcob) го препозна во во стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ се квалитет на третман, доверба и човечки однос во грижата за пациентите во комбинација со силен бизнис-менаџмент.

    Ова признание од World Confederation of Businesses и наградата The Bizz Award, за нас е потврда дека доследната работа, вложувањето во тимот и грижата за пациентите се забележуваат и надвор од нашата држава. Горди сме што една стоматолошка приказна која започна во Охрид денес се препознава на меѓународно ниво. За мене, како и за целиот тим ова претстува и обврска да продолжиме уште поодговорно, со висок стандард на услуга, професионален однос и постојани вложувања во знаење и технологија, во интерес на нашите пациенти“, изјави Баткоски.

    The Bizz Award, веќе две децении ги препознава компаниите што се истакнуваат во области како лидерство, квалитет на производи и услуги, менаџмент-системи, иновации, корпоративна општествена одговорност и постигнати резултати.

    Worldcob, приватна бизнис-организација со седиште во САД, обединува илјадници компании од повеќе од стотина земји и преку оваа награда гради меѓународна мрежа на компании кои се позиционираат како пример за професионално и одговорно работење.

    Исклучителните перформанси на Вашата компанија поставија репер, демонстрирајќи ја посветеноста и вредностите што го движат Вашиот успех“, се вели во дописот до „Д-р Баткоски“.

    Според организаторот, признанието не се однесува само на постигнатите резултати на клиниката, туку и на лидерството што стои зад нејзиниот развој, како и на трудот и посветеноста на тимот во услови на силна глобална конкуренција. Со изборот за добитник, стоматолошкиот центар добива можност својата практика да ја претстави во поширок меѓународен контекст, рамо до рамо со компании од различни сектори и региони.

    Д-р Баткоски е поканет да учествува на претстојните меѓународни настани на WORLDCOB и тоа, THE BIZZ SIGNATURE 2026 во Чикаго, THE BIZZ EUROPE 2026 во Виена и THE BIZZ EUROASIA 2026 во Истанбул.

    Овие настани се замислени не само како церемонии за доделување награди, туку и како бизнис-форуми за вмрежување, размена на искуства и дополнително позиционирање на компаниите на глобалната сцена.

    Со ова признание, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ добива уште една потврда за својот досегашен развој и вложувањата во квалитет, организација и професионален тим, со можност тоа да го претстави и пред поширока меѓународна публика.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.