Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Советот избра четворица обвинители во ОЈО ГОКК, едно место празно
    Република

    Советот избра четворица обвинители во ОЈО ГОКК, едно место празно

    27/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за избор на четворица јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), иако огласот предвидуваше пополнување на пет позиции.

    За нови обвинители се избрани Александар Маркоски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска, кои доаѓаат од Основното јавно обвинителство Скопје, како и Енѓелуше Кадриу-Леши, кандидат од немнозинските заедници, на која ова ѝ е трет мандат во ОЈО ГОКК.

    Претседателот на Советот, Башким Селими, информираше дека на огласот за пет обвинители се пријавиле осум кандидати, но двајца – Трајче Пеливанов и Артан Ајро – ги повлекле своите кандидатури пред гласањето.

    По разгледување на пријавите, Советот на јавно гласање не им даде поддршка на четворица кандидати – Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Сузана Мирческа-Кузмановска и Ивана Трајчева. Меѓу нив, Ѓоргева не доби ниту еден глас, додека Бислимовска доби само еден.

    Во текот на расправата, дел од членовите на Советот посочија дека треба да им се даде предност на обвинители кои досега не работеле во ОЈО ГОКК. Членката Светлана Стојковиќ нагласи дека иако сите кандидати се квалитетни, смета дека новите кадри заслужуваат шанса, особено во услови кога дел од кандидатите веќе имаат долг стаж во ова обвинителство.

    Сличен став изрази и членката Кети Петкова, која поддржа избор на обвинители надвор од ОЈО ГОКК, но и на Кадриу-Леши, со цел да се задржи правичната застапеност.

    Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека иако не учествувал во интервјуата, ги разгледал сите кандидатури и одлучил да ги поддржи обвинителите кои доаѓаат надвор од ова обвинителство. Тој посочи дека е разочаран од малиот број пријавени кандидати, нагласувајќи дека треба да се охрабрат обвинителите да конкурираат и да напредуваат во кариерата.

    И покрај изборот на четворица обвинители, едно место остана непополнето, додека Советот не донесе одлука ниту за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по повлекувањето на досегашниот раководител Мустафа Хајрулахи.

    Поврзани вести:

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    22/10/2026

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.