Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Собранието ќе ја одржи 60. седница по што се закажани продолженија на уште четири седници
    Политика

    Собранието ќе ја одржи 60. седница по што се закажани продолженија на уште четири седници

    17/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Собранието денеска ќе ја одржи новата 60. седница, на чиј дневен ред се вкупно 11 точки по што треба да продолжи со продолженијата на уште четири седници. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, по завршувањето на 60.седница треба да продолжат 59-та, 55-та, 51-та и 43-та седница на кои има останато по неколку законски решенија за разгледување.

    Пред пратениците на 60. седница е Предлог на законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија. Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, потпишан е во Скопје, на 13 јуни 2025 година. Тој беше потпишан за време на посетатата на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, чиј домаќин беше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

    Исто така, на дневен ред на седница се и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, Предлог- законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, Предлог на законот за ратификација на Договорот за пристап до високо образование и прием на студии во Западен Балкан, Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „23 Октомври” и Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „11 Октомври”.

    На дневен ред на седницата во прво читање се Предлог на законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог законот за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување и Барањето за давање на автентично толкување на членот 2 од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, поднесено од пратеникот Бране Петрушевски.

    Во рамки на 59. седница пратениците треба да се произнесат за Предлог-законот за возила кој се носи по скратена постапка, по што треба да продолжи 55-та седница на која има две неразгледани точки – Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог-измените на Законот за воздухопловство.

    Во рамки на 51. седница исто така се останати две точки за разгледување – Предлог-закон за ратификација на договорот за Централноевропската програма за размена на универзтетски студии и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2024 година, додека на 43-та седница останати се уште осум точки на дневен ред главно од социјалната сфера, по кои треба да се произнесат пратениците.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Пржинската“ влада ќе замине во историјата, Собранието ја усвои потребата од измена на Законот

    22/04/2026

    ВРЕДИ: Груби е црната кутија што држи во заложништво функционери од ДУИ

    22/04/2026

    Дали во СДСМ нешто не штима во односот лидер – градоначалници?

    22/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.