Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Со измени на законите за полиција и за внатрешни работи повторно се формира Одделот за внатрешни работи – Скопје
    Република

    Со измени на законите за полиција и за внатрешни работи повторно се формира Одделот за внатрешни работи – Скопје

    21/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во рамки на 81. пленарна седница, пратениците денеска ја прифатија потребата за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, по скратена постапка, со коишто се овозможува организациска промена односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје.

    Измените и дополнувањата на Законот за полиција, по скратена постапка, како што се појаснува, се за унапредување на организациската структура на полициските единици, со посебен акцент на територијата на градот Скопје каде е потребна поголема ефикасност, подобра координација и оптимално искористување на човечките и материјалните ресурси во Министерството за внатрешни работи заради што со законот се овозможува организациска промена односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје.

    – Оваа организациска единица со предложените законски измени и дополнувања добива повисок организациски статус во рамките на полициската структура. Дополнително со Предлог на законот се извршува и терминолошка корекција во однос на криминалистичко-техничките работи, се наведува во образложението на Предлог на законот, предложен од група пратеници.

    Поради потребата од појасно разграничување на организациските единици за внатрешни работи, како и прецизирање на начинот на утврдување на секторите за внатрешни работи и Одделот за внатрешни работи – Скопје, со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, по скратена постапка, се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје.

    Предложеното уредување на оваа област произлегуваат од воспоставениот модел во минатото, со кој во Министерството за внатрешни работи раководителот на Секторот за внатрешни работи имал повисока позиција во однос на раководителите на останатите сектори. Истовремено, решението ја следи и територијалната поставеност во државата, при што градот Скопје е издвоен како посебна територијална организација во однос на другите единици на локалната самоуправа, се наведува во Предлог-текстот.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на седницата рече дека овие закони треба да се носат во редовна постапка, бидејќи се врши промена во структуратаа на Министерството за внатрешни работи.

    Седницата започна со опозициските прашања до владините функционери.

    На дневен ред на оваа 81. седница седница се и предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата, и двата по скратена постапка.

    Исто така, пред пратениците се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.