Комунална хигиена Скопје доби в.д. директор откако претходниот директор додека беше приведен во Полиција си даде оставка. Сега градот Скопје го определи Александар Јовановски за вршител на должност директор на претпријатието кое е во голема криза и поради кое Скопје беше повеќе од месец дена затрупано со ѓубре.
Новоназначениот директор бил претходно инспектор во Секторот за инспекторат на град Скопје а работел и во приватниот сектор. Инаку управниот одбор на „Комунална хигиена“ утрово побара од градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи в. д. директор на претпријатието за тоа да може полесно да функционира.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
