Во Скопје денеска се одржа 11-тиот Форум на ЕУСАИР, значаен регионален настан кој отвора простор за суштински дијалог, размена на искуства и создавање решенија од реална вредност за граѓаните.
Годинешниот форум е насочен кон клучни приоритети за нашата заедничка иднина, како што се унапредувањето на спроведувањето на ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР и зајакнување на соработката во контекст на проширувањето на Европската Унија, како заедничка стратешка цел и природен пат за земјите од регионот, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека во фокусот се и младите, демографските предизвици и прекуграничната соработка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







