Град Скопје започна со голема акција за расчистување и уредување на коритото на реката Вардар, расчистување на обрасната вегетација и уредување на просторот покрај кејот, кој секојдневно го користат илјадници граѓани за рекреација и прошетка.
Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во изминатиот период се спроведува координирана акција за темелно чистење на просторот околу Вардар, кој со години беше занемаруван, со цел да се врати изгледот на еден од најпрепознатливите симболи на градот.
Во објавата, Ѓорѓиевски упати и апел до граѓаните да придонесат за зачувување на јавните површини и животната средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







