Шеесет и седумгодишна скопјанка била повредена откако едно лице фрлало камења кон неа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје, а инцидентот се случил на 29 октомври во попладневните часови.
Жената претходно го опоменала лицето и се обидела да го сними со мобилен телефон, бидејќи, според пријавата, фрлало камења и земја на улица која требало да биде асфалтирана.
По опомената, лицето почнало да фрла камења кон неа, при што ѝ нанело телесни повреди.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
