Скопјанец кој во 2024 година како администратор на фејсбук-страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страницата емитувал ексклузивни авторски права на ТВ-серија, кои биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор заработи кривична пријава за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“.
Во согласност со пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела така што преку својот кориснички профил на Фејсбук, како администратор на фејсбук-страницата, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права, соопшти МВР.
