Шкендија вечерва ќе се обиде да ги освои првите бодови во Конференциската Лига на УЕФА. Во Скопје од 18,45 часот, тетовскиот клуб ќе го пречека ирски Шелбурн во натпревар што е историски момент за македонскиот фудбал, бидејќи првпат македонски клуб ќе игра како домаќин еден натпревар во главна фаза на новоформираната Конферециска лига. Но Шкендија вечерва може и да ја донесе првата победа за Македонија во групна фаза на било кое европско натпреварување.
Досега во групна фаза на евро-куповите играл само Вардар и тогаш во Лигата на Европа освои бод против норвешки Розенборг, играјќи во Скопје нерешено 1:1.
Во првиот натпревар од Конференциската лига тетовчани загубија на гостувањето кај тимот од шпанската лига Рајо Ваљекано.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
