Македонскиот фудбалски првак Шкендија направи подвиг, победувајчи ја романска ФЦСБ со 1:0 и на гостински терен во Букурешт ќе игра за историски подвиг. Досега ниту еден македонски тим во овој формат не играл трето коло во квалификациите за ЛШ, а пласман таму ќе донесе сигурна европска есен.
Мечот почна со високо темпо на Шкендија и две шанси уште во воведните пет минути. Ибраими и Тамба се заканија, но голманот Тарновану и одбраната реагираа по планот. Продолжи темпото, Тамба излезе сам пред гол во 32. минута, но голманот на романскиот клуб пак одбрани, а ФЦСБ на првата сериозна шанса чекаше до 36. минута, кога Танасе по една добра акција биеше во надворешниот агол од голот на домаќинот.
По паузата по која Шкендија направи измени, првата можност ја имаше ФЦСБ, тоа беше во 57. минута кога Олару биеше одлично, но Гаје изби во корнер со парада. Во 61. минута, најдобрата шанса за Шкендија ја имаше Тамба, но не погоди, ама иницијативата со гол ја круниса Ибрахим Алхасан, постигнувајќи гол со глава.
Мечот го одбелеажаа и два црвени картони за груба игра, по еден за двете екипи.

