Општина Центар го прошири опфатот за доделување на субвенции за обука и полагање на возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес кај младите.
Со новата одлука право на аплицирање ќе имаат и младите кои годинава ќе наполнат 19 години, односно сите што се родени во 2006-тата, но и во 2007 година, истакна градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи исклучиво во автошколи регистрирани во општина Центар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







