Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи. Ова го соопшти министерството за здравство додавајќи дека сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.
„Намерата со новиот Закон не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани” – истакна министерот за здравство, Азир Алиу, додавајки дека целта на новите законски измени е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност.
Во меѓувреме веќе се отвори дебатата на граѓаните преку социјалните мрежи. Многумина искажуваат свесност од потребата да се отвора ова прашање кое директно го засега здравјето и иднината на на населението, особено на младите.
