Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Времеплов»Се чествува Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и на македонската писменост
    Времеплов

    Се чествува Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и на македонската писменост

    05/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Православните христијански верници денеска го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец, значаен средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета.

    Се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител. Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охрид и регионот. Роден околу 830-та година Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. Подоцна Наум заминал во Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.

    Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј, во 893 година, кога Климент бил назначен за словенски епископ во Дремвица и Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. На св. Наум Охридски му се припишуваат делата: Канонот за апостолот Андреј и Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст.

    Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември (5 јануари) 910 година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква. Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за светец, поради чудата кои се случувале на неговиот гроб и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во Македонија, како и во Бугарија, Албанија и Грција. Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни.

    Поврзани вести:

    (Видео) Дневен времеплов – 06 август

    (Видео) Дневен времеплов – 06 август

    (Видео) Дневен времеплов – 05 август

    (Видео) Дневен времеплов – 05 август

    ВРЕМЕПЛОВ: На овој ден во 1903 година во Крушево влегол Штабот на востаниците, предводен од Никола Карев

    ВРЕМЕПЛОВ: На овој ден во 1903 година во Крушево влегол Штабот на востаниците, предводен од Никола Карев

    МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна

    МЕПСО ја обжали одлуката донесена во корист на „Енергоинвест“, вели аргументите се на наша страна

    Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност

    Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог: Посветени сме на стабилен економски раст со фокус на реформи и одржливи јавни финансии во услови на глобална неизвесност

    (Видео) Дневен времеплов – 07 април

    (Видео) Дневен времеплов – 07 април

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Дневен времеплов – 06 август

    06/08/2026

    (Видео) Дневен времеплов – 05 август

    05/08/2026

    ВРЕМЕПЛОВ: На овој ден во 1903 година во Крушево влегол Штабот на востаниците, предводен од Никола Карев

    04/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.