Општинската организација на СДСМ од Кисела Вода реагира дека на улицата
„Козјак” во моментов се врши сеча на повеќегодишни дрвја, со цел
ослободување простор за изградба на нов објект.
Од партијата изразуваат загриженост дали за оваа интервенција постои
соодветна дозвола, согласно Законот за урбано зеленило, посочувајќи дека
лицата на терен не знаеле да потврдат дали имаат одобрение.
СДСМ поставува повеќе прашања до надлежните институции – кој ја издал
наредбата, дали постои правен акт за сечата, како и дали е предвидена
компензација, односно обновување на зеленилото.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
