Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија
    Политика

    Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

    11/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Соопштение на Фатмир Сабриу од ВЛЕН:

    Денес сме тука да споделиме со вас преглед на една извонредна година работа, посветеност и пресврт на очекувањата во областа на социјалната заштита, еден од основните столбови на нашата визија за пофер и похумано општество.

    ВЛЕН како дел од Владата, докажа дека ветената промена не е само слоган, туку опиплива реалност за илјадници граѓани. Со транспарентен, инклузивен пристап и врз основа на реалните потреби на луѓето, имплементиравме реформи кои со години останаа блокирани или игнорирани од претходните влади.

    Во текот на изминатата година, над 80 милиони денари месечно се инвестирани во социјални услуги, апсолутен рекорд за нашата земја. Потпишани се 84 договори со општини и даватели на социјални услуги, повеќе од двојно повеќе од оние што се имплементирани во минатото.

    Склучивме 26 нови грантови со општини за развој на услуги што влијаат на секојдневниот живот на граѓаните: домашна нега, дневни центри и поддршка за најранливите групи.

    Наследивме деградиран и политизиран систем. Но, изградивме ново софтверско решение за интегрирано администрирање на парични права, социјални услуги и јавни овластувања. Сега, социјалните работници имаат целосен преглед на секое семејство само со еден клик.

    Го деблокиравме Проектот за администрација на социјално осигурување „SIAP”, кој 5 години имаше само 9,92% имплементација. За само една година од нашата влада, имплементацијата се зголеми на 17,38% и се очекува да продолжи со забрзано темпо.

    За прв пат, градиме унифициран и фер систем за проценка на попреченоста, преку создавање на Централното координативно тело (CDCCU).

    Исто така, го создаваме првиот Национален регистар за лица со попреченост, за да гарантираме пофер планирање и поефикасна помош.

    Министерството за труд и социјална политика, под раководство на ВЛЕН, стана првата институција со целосно достапна веб-страница за лицата со попреченост, што е важен чекор кон дигитална инклузија.

    Исто така, во процес сме на создавање Национална платформа за глуви и наглуви лица, за да се гарантира еднаков пристап до јавните институции.

    Минатата година беа изградени и опремени 15 нови градинки, а до крајот на 2025 година ќе бидат отворени уште 11, кои ќе сместат над 1.100 деца.

    Во рамките на Јавните повици за изградба и реконструкција на детски установи, во 2024 година беа финансирани 4 проекти во вредност од над 250 милиони денари, додека во 2025 година се планирани 6 нови проекти во вредност од над 520 милиони денари. Друго големо достигнување е линеарното зголемување на пензиите за над 330.000 пензионери, за по 5.000 денари, зголемување кое директно влијае на благосостојбата на група која честопати била маргинализирана.

    ВЛЕН докажа дека владеењето со визија, срце и знаење е можно. Ние сме тука за да изградиме општество кое никого не остава зад себе, ниту децата, ниту старите лица, ниту ранливите, ниту лицата со попреченост.

    Со ова темпо на реформи, градиме пофер, похумана и порамноправна Северна Македонија.

    И нема да застанеме.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    11/09/2026

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    11/09/2026

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.