Од општина Аеродром денеска истакнаа дека објектот „Калинка” во Стар Аеродром, што работи во рамките на детската градинка „Срничка”, добил целосно реновирани тоалети – и за дечињата и за вработените.
„Тоалетите се целосно адаптирани на возраста на најмалите, со цел да им овозможат поголема удобност, безбедност и хигиена”, посочија од Општината во објавата на Фејсбук.
Дополнително, напишаа од таму, уредена е и нова просторија за престој на дечињата, опремена со дидактички материјали за различни возрасти.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
