Во тек е целосно обновување на фискултурната сала, свечената сала и меѓупросторот меѓу нив во основното училиште „Димитар Миладинов“.
„Во фискултурната сала се заменува целиот под со нов паркет, се обновуваат ѕидовите и плафонот, се поставуваат енергетски ефикасни светла и се оспособуваат прозорците, додека свечената сала добива целосно нова бина, нови скалила, обновен паркет и подобрени услови за користење“ изјави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, при увидот во реконструкцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
