Расте количеството на депониран мешан комунален отпад во Скопскиот регион, кое во периодот 2020–2023 достигнува од околу 160.000 до над 170.000 тони годишно, покажуваат податоците од Дрисла. Само во март биле депонирани 14.086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во Скопје.
Од ЈП Комунална хигиена информираат дека се отстранети и 2.315 кубни метри отпад од јавни површини, од кои најмногу – 540 кубни метри во општина Карпош. Податоците покажуваат дека неопасниот отпад, кој го вклучува комуналниот, градежниот и индустрискиот отпад, бележи континуиран раст.

