Вечерва од 20.45 часот ракометарите на Еурофарм Пелистер, на гости, ќе се соочат европскиот првак Магдебург во шестото коло на Лигата на шампионите.
На ова, едно од најтешките гостување за Пелистерци, тие немаат што да загубат, само можат да добијат доколку се надминат себеси и изненадат против гигантот. Магдебург досега во шампионската лига е максимален по пет кола. Во претходните натпревари ги победи главните ривали во групата Барселона и ПСЖ.
Дополнителен проблем за македонскиот шампион е што во составот ќе го нема Ник Хенигман, кој беше еден од најдобрите играчи на битолчани во последниот меч со Барселона.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
