Две експлозивни направи биле фрлени врз продавници во центарот на Атина, соопшти грчката полиција. Во нападите нема повредени лица.
Првиот инцидент се случил околу 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во улицата Ахарнон. Во моментот на нападот во објектот се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло, објавија грчките медиуми.
Вториот напад се случил околу 4:55 часот во областа Агиос Пантеиламонас. Непознат сторител фрлил експлозивна направа врз бар во сопственост на сириски државјанин.
Полицијата спроведува истрага за утврдување на мотивите и за откривање на сторителите на двата напади.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
