Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски најави неколку стотици милиони евра инвестиции околу Крива Паланка
    Република

    Мицкоски најави неколку стотици милиони евра инвестиции околу Крива Паланка

    01/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Во периодот што следува овде, во регионот на Крива Паланка и овој дел од Македонија ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции, за проекти што ќе ја поврзат Македонија и Коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на Коридорот 8“, рече денеска во Крива Паланка премиерот Христијан Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски, кој заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски и директорот на ЈСП, Коце Трајановски, присуствуваа на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка, дел од коридорот 8, порача дека ваквите проекти се додадена вредност и за граѓаните и за македонската економија.

    -Тие неколку стотици илјади евра во овој регион следат со трета фаза од пругата што ќе ја реализираме, забрзување на втората фаза, но и патната инфраструктура не останува нереновирана, нереконструирана. Новата делница што ќе биде обиколница околу Куманово, очекуваме Крива Паланка да ја направат развиен град, кадешто луѓето ќе бидат задоволни, ќе можат да го продолжат животот тука, нешто што претставува наша консолидирана владина цел. Истовремено, да можат луѓето да се вратат, оние што ги напуштиле своите домови, особено во Западна Европа, гледајќи дека не е така како што очекувале, гледајќи ги овие инвестиции, да се вратат тука, дома и да ја развиваме нашата економија, нашата држава, рече премиерот Мицкоски, особено во овој момент, вели, при актуелните случувања не само во Европа туку и пошироко во светот.

    Посочи дека Владата продолжува да се фокусира на капиталните инвестиции, а приоритет на Владата се патничкото, железничко и енергетско поврзување на земјата, како раскрсница на два значајни коридори, 8 и 10, за што всушност е потврда и растот на бруто домашниот производ, како доказ за посветеноста на Владата на овие приоритети.

    Тој додаде дека пуштањето на употреба на овој реконструиран пат, како и сите оние нови делници од коридорот 8 што ќе ги реализираме во периодот којшто следи, се начин, вели, да им се оддолжиме да граѓаните коишто ја даваат поддршката на оваа Влада и на ВМРО-ДПМНЕ.

    Вицепремиерот Николоски порача дека овој проект што го започна оваа Влада и го заврши во предвидениот рок е пример за одговорно работење, а токму овој проект претставува целосна рехабилитација на патното поврзување со Бугарија.

    -Ова не е само обиколница околу Крива Паланка, туку е витален дел од коридорот 8 во којшто многу вложуваме. Минатиот јануари го пуштивме во употреба експресниот пат од овде, Крива Паланка до Страцин, така што ова е природно надоврзување на експресниот пат, а во моментов се работи интензивно и на реновирање, осовременување и проширување на граничниот премин Деве Баир. Првата фаза треба да заврши до јуни годинава, се работи на реконструкција на постојните објекти, а потоа следува втора фаза за проширување на преминот и модернизација, така што, тоа претставува една целосен развој на источното крило на коридорот 8, рече вицепремиерот Николоски.

    Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, рече дека овој проект е вистински пример дека кога сите ќе се организираат добро, можат да се реализираат проекти во зададениот рок.

    Обиколницата е долга 4.5 километри, ширината на коловозот е 7.5 метри. Поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација, направена е еластична ограда со ЕУ стандарди, реконструкција е извршена и на два Мостар, а 6 пропусти се исчистени и зајакнати, така што патот е изработен по сите стандарди и истиот овозможува побезбедно и сигурно возење, така што граѓаните можат да го користат како едно модерно реконструорано парно решение од коридорот 8, рече директорот на ЈСП, Коце Трајановски.

    Посочи дека на одредени делови од обиколницата изваден е само еден слој асфалт,а поставен е нов, додека кадешто имало поголеми оштетувања, отстранети се и основниот и завршниот слој, патот е стабилизиран и соодветно реконструиран.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.