Пред Нова Година, Град Скопје воведе забрана за фрлање ѓубре во вечерните часови до 6 часот наутро. Периодот на опомени и адаптација на новата мерка заврши, па така деновиве првите скопјани биле казнети со по 50 евра.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е задоволен од мерката. Вели дека со неа се воспоставил ред во градот.
Од Градот информираа и дека инспекторите за животна средина во последните 3 месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и во општина Сарај и изрекле казни од 1.000 до 53.000 евра.
Казнети се и правните лица со по 3.000 евра и управителите со казни од 250 до 500 евра за неправилно одлагање и за палење отпад.
Комуналната инспекција спровела и 240 контроли на градилишта низ Скопје, по што изрекла 25 опомени и 11 казни од по 1.300 евра.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

