Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Протести низ Италија: Судири со полицијата, блокади и илјадници на улиците
    Свет

    Протести низ Италија: Судири со полицијата, блокади и илјадници на улиците

    30/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Протестите во повеќе италијански градови прераснаа во тензични сцени, откако илјадници работници, студенти и синдикалци излегоа на улиците во рамки на националниот штрајк против трошоците за живот, ниските плати и зголемените воени расходи.

    Во Торино дојде до судири меѓу демонстранти и полицијата, која употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните граѓани. Во близина на Префектурата, дел од демонстрантите фрлале јајца и димни бомби кон полициските кордони.

    Тензиите се зголемија и во Џенова, каде што демонстрантите го блокираа пристапот до пристаништето со поставување и палење гуми, додека во Неапол протестниот марш се упати кон централната железничка станица, која беше обезбедувана од полицијата и карабинерите.

    Во Болоња, пак, студенти блокираа влезови на неколку средни училишта, со што беше нарушено нормалното одвивање на наставата.

    Протестите се дел од 24-часовниот генерален штрајк организиран од синдикатот УСБ, во кој учествуваат вработени од јавниот и приватниот сектор, студенти, средношколци и синдикални организации.

    Демонстрантите бараат зголемување на платите во согласност со растот на инфлацијата, подобрување на животниот стандард и поголеми инвестиции во образованието, здравството и јавните услуги. Тие се противат и на зголемувањето на средствата за воени цели.

    Во Милано, според синдикатот, на протестот учествувале над 100 илјади лица, додека организаторите тврдат дека бројот на учесници на национално ниво достигнал околу два милиони.

    Во текот на протестите имаше и политички пораки. Во Падова беше запалена фотографија на министерот за образование Џузепе Валдитара, додека во Неапол демонстранти запалија слика со премиерката Џорџа Мелони и министерката за универзитети Ана Марија Бернини.

    Штрајкот го опфати и здравствениот сектор, но итната медицинска помош и минималните услуги продолжија да функционираат.

    Министерот за транспорт Матео Салвини претходно побара одложување на штрајкот, повикувајќи се на совпаѓањето со празниците Денот на сите светци и Денот на мртвите. Синдикатот УСБ го отфрли барањето и најави дека протестите ќе продолжат.

    Поврзани вести:

    Најголемата кражба во историјата: Хакерски напад врз Binance

    Најголемата кражба во историјата: Хакерски напад врз Binance

    Нов напад на аеродромот во Аден, расте загриженоста за безбедноста на Блискиот Исток

    Нов напад на аеродромот во Аден, расте загриженоста за безбедноста на Блискиот Исток

    Лажна дојава за бомби ги евакуираше објектите на РТС, програмата беше привремено прекината

    Лажна дојава за бомби ги евакуираше објектите на РТС, програмата беше привремено прекината

    Шпанија во тридневна жалост по железничката трагедија со 69 загинати

    Шпанија во тридневна жалост по железничката трагедија со 69 загинати

    Почнува самитот ЕУ – Канада, во фокусот ново стратешко партнерство

    Почнува самитот ЕУ – Канада, во фокусот ново стратешко партнерство

    Масовен напад со дронови кон Москва, погодена и образовна установа во Харков

    Масовен напад со дронови кон Москва, погодена и образовна установа во Харков

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Најголемата кражба во историјата: Хакерски напад врз Binance

    30/10/2026

    Нов напад на аеродромот во Аден, расте загриженоста за безбедноста на Блискиот Исток

    29/10/2026

    Лажна дојава за бомби ги евакуираше објектите на РТС, програмата беше привремено прекината

    29/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.