На местото за поранешниот ресторан „Езерце” во Градски парк ќе има детско игралиште, најавија од Град Скопје. Ресторанот со години не работеше и беше целосно руиниран и распаднат, па поради тоа беше урнат.
Сега од градската администрација велат дека наместо нов објект, предвидено е изградба на нови пешачки патеки, ново зеленило, поставување на детско игралиште и реквизити за рекреација. Ќе се местат и нови клупи и урбана опрема.
Од Град Скопје велат дека целта е просторот да се трансформира во модерна рекреативна зона.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
