И денеска ќе биде променливо облачно, со услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 19 степени.
Според УХМР, во понеделник наутро времето ќе биде ведро и постудено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула. Во текот на денот ќе преовладува сончево време. А од вторник ќе огрее сонце и времето ќе се стопли.

