Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица”, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално почна реализацијата на услугата за оваа година, информираат од Општината. Преку проектот „Центар се грижи за возрасните” , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост”, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови. Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

